еМагазин
Image default
Македонија

Ќе има нови вработувања: Пратениците сложно ги донесоа измените и дополнувањата на Законот за Собранието

Уште подобро етаблирање на Парламентот како вистински претставник на граѓаните и како независен носител на законодавната власт преку унапредување на неговите служби, ќе овозможат измените и дополнувањата на Законот за Собранието на Република Северна Македонија што денеска беше едногласно донесен, со поддршка на сите, вкупно 82 пратеника, присутни на 130. седница.

Законското решение предвидува не само нови вработувања во собраниските служби на годишно ниво, туку и унапредувања на некои од постојните со цел нивна поголема ефикасност и стручност, беше речено на седницата.

Според измените, ќе се формира собраниски совет како стручно помошно тело на генералниот секретар на Собранието со единствена функција – да прави прецизна анализа за функционалноста на собраниските служби, а Планот за годишно вработување ќе го предлага генералниот секратар во согласност со буџетскиот совет на Собранието.

Спикерот Талат Џафери во кусото обраќање пред гласањето им се заблагодари на сите 123 пратеници за заложбата да донесат заедничко решение. Токму овој парламентарен состав во заминување, рече Џафери, стави печат зашто направи основа за натамошно подобрување на Собранието, а консензуалноста за овој случај треба да биде пример во натамошното функционирање и уредување на системот во државата.

И опозициските пратеници изразија задоволство од меѓусебната соработка. Како што истакна Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, законот за Собранието е доказ дека низ дискусија и разговори се доаѓа до заеднички решенија за добро на сите.

-Со донесувањето на овој Закон, сегашниот парламентарен состав ќе го заокружи својот мандат и ќе ја запечати досегашната заложба на Собранието да стигне до позицијата која му е определена со Уставот, до она за што постојано се залагало – да биде независна институција.

Законот ги овозможува потребните махнизми за управување на Собранието независно кое мнозинство натаму ќе го предводи. Сметам дека заеднички го дадовме совјот максимум за консензуален предлог, учествуваа сите 123 пратеници, независно од нивната политичка припадност.

Ова нека биде пример како може да се дојде до консензус за уредување на нашиот систем во земјата. Сите нека одат по патот на вакво консензуално решение, порача Џафери.

Мицевски се надоврза со став дека конечно, по десет години од донесувањето на првичниот Закон, се носат измени, измени кои се конструктивни, што ја потврди желбата на овој парламентарен состав да побара и да најде решение за проблем кој се провлекувал цела декада.

-Не дека претходните раководства на Собранието не сакале да го решат овој проблем, но сметам дека денес имаме добро, консензуално решение кое претставува дел од целиот проект што го работиме како пратенички групи, а е можност за целосна независност на Собранието. Законот ќе биде добра основа за унапредување на правата на собраниските служби и за детектирање одредени недоследности кои понатаму би можеле да се подобрат.

На следниот пратенички состав останува процест да се доведе до крај, да се обезбеди целосна финансиска и безбедносна независност на Парламентот, Собранието да си ја добие уставната позиција како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавата власт, рече Мицевски.

За збор се јави и Панчо Минов, давајќи, исто така, апсолутна поддршка на Законот. Посебно ја поздрави можноста за вработување нови и унапредување на постојните вработени во собраниските служби.

-Досега беше голема неповолност тоа што имаше повеќегодишен застој кај службениците. Тие со години имаа ист статус: референт, соработник, самостоен соработник, иако ги исполнуваа сите услови за унапредување. Сега, освен тоа, ќе има и годишни вработувања, но се ќе биде во насока на поквалитена и постручна служба, напомена Минов.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изминатото деноноќие 576 прекршоци за неносење маска

Редакција

МВР ќе го обезбедува одбележување на раѓањето на Гоце Делчев во Скопје

Редакција

Бесмира Ејупи добивала хонорар и од Железници

Редакција