еМагазин
Image default
Бизнис

Mетодија Мирчев нов извршен директор на А1 Македонија

Методија Мирчев е назначен за нов извршен директор на А1 Македонија. Од компанијата соопштуваат дека тој од денеска ги презема одговорностите на извршната позиција и ќе го наследи Мислав Галер, кој одлучи да ја продолжи својата кариера надвор од компанијата и Кластерот Македонија и Хрватска.

“Методија Мирчев доаѓа на оваа позиција со огромно знаење и стекнато искуство во различни области во мултинационални компании. Тој ја започнува својата кариера во FMCG индустријата во Полска извршувајќи раководни позиции во неколку интернационални компании. Пред да премине во телеком индустријата, тој имал извршна позиција во L’Oréal Полска.

Како директор за продажба и главен комерцијален директор во телекомуникациската компанија Космофон, Методија покажува врвни лидерски способности за кои е потребно огромно познавање на технологијата во бизнис работењето, како во B2B така и во B2C сегментот.

Во 2011 година Методија ја продолжува кариерата на позицијата главен директор за продажба и маркетинг во ОНЕ – Телеком Словенија Групацијата по која бил унапреден во извршен член на Бордот на директори на ОНЕ и ја извршува функцијата главен оперативен директор“, велат од компанијата.

Дипломирал на Варшавскиот технолошки универзитет, магистрирал на Лондонската и Париската бизнис школа, како и Норвешката школа за економија.

“А1 Македонија му посакува добредојде на Методија како нов извршен директор. Уверени сме дека со неговата биографија и широко искуство во телекомуникациската индустрија ќе ја направи компанијата уште посилен играч на телекомуникацискиот пазар во земјата“, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија и Бугарија во Брисел се договорија заеднички да продолжат со изградбата на пругата од Коридорот 8

Редакција

Мермерен Комбинат лани со намалена добивка

Редакција

Убава вест: „Алкалоид“ ќе исплаќа дивиденда од 20 мај

Редакција