еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стефанова на судењето за „Рекет“: Политичари и судијката Кацарска вршеа притисок за притворот на Камчев

Обвинетата во “Рекет“, Катица Јанева, која е поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), на 16 април 2019 од специјалните обвинителите Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, барала да изготват решенија за случаите “Империја” и “Поштенска Банка”, за да се плати штета и да се затворат предметите.

– Со силен глас ми се обрати, ти Лиле да му ја вратиш патната исправа на Јордан Камчев. Така ние почнавме со Бурим да ги изготвиме извештаите за наведените предмети, но со затворски казни, истакна обвинителката Лиле Стефанова, на денешното судење за „Рекет“ и додаде дека се противела на ваквиот незаконски начин на затворење на предметите.

Во своето сведочење Стефанова, кажа дека не го познава обвинетиот Бојан Јовановски, но дека го има видено во просториите на СЈО.

Стефанова посочи дека судијката Добрила Кацарска, преку колега на обвинителката Лиле Стефанова, вршела притисок да не се одреди мерката притвор на осомничениот Јордан Камчев, за предметот “Империја“ и додаде дека имало притисок и од политичари.

– Точно е дека судијата Добрила Кацарска, беше цел ден и ноќ во судот кога се одлучуваше за притворот на Камчев”, рече Стефанова, во прашање на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски.

Сведокот Стефанова, во оваа прилика зборуваше и за Жарко Луковски, поранешниот директор на Телеком, кој почина минатата година. Според Стефанова, лицето Луковски, бил сведок во случајот “Империја”, а не осомничен.

-Тој имаше сознанија за работата на фирмите Ексиско и Финзи, за предметот “Империја”, а осомничен беше во предметот “Базни Станици”.

Судењето за “Рекет”, продолжуваа по неколку одложувања.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанева за Стефанова: „Не чинев зошто и го возев мачето”

Јанева изнесена од судница поради недоличните коментари кон Стефанова, ја нарече „гомнарке“, и „ороспијо“

Стефанова на судењето за „Рекет“: Осомничените во „Империја“ скоро секогаш дознавале што презема СЈО против нив

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трговците со овошје и зеленчук ќе мора да обезбедат 70% од потребите за домашниот пазар

Редакција

Не е проблем ако сте ја заборавиле лозинката, како да проверите дали УЈП правилно Ви го пресметал персоналецот

Редакција

На места ветер и од 70 километри на час и појава на град: Денеска попладне услови за локално невреме

Редакција