Македонскиот пејач Влатко Лозаноски синоќа на манифестацијата Music Awards Ceremony 2020, во Белград го доби признанието за најдобра поп фолк нумера.
Тој го поправи презентерот на наградата дека е од Македонија, а не од Северна Македонија, како што беше најавен.
“Поздрав до сите коишто гласаа за „Мајко“ една од моите омилени песни и голема благодарност за моите во Македонија. И морам да го поправам Сале, тоа е Македонија, а не со тој додаток што го кажа предмалку“, рече Лозаноски.
Фото: Фејсбук/Лозано/видео: Pjesme MAC 2020
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.