еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Драматичен раст: Бројот на починати од коронавирусот во Кина порасна на 170, над 7.700 заразени

Националната здравствена комисија на Кина денеска објави дека вкупниот број потврдени смртни случаи од инфекција со коронавирусот до среда пораснале за 38 на 170, додека бројот на заразени се зголемил за повеќе од 1.700 пријавени случаи.

До крајот на вчерашниот ден беа потврдени вкупно 7.736 случаи на коронавирусна инфекција, при што се сомнителни се уште 12.167 лица, соопшти комисијата. Од нив, 1.239 лица се во критична состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачка содржина) Видео со навреди за Азијати во Скопје ги загреа социјалните мрежи

Поради коронавирусот, да не си Кинез деновиве

Од 170 смртни случаи до сега, 162 се пријавени во епицентарот на епидемијата во Хубеи.

70 случаи се пријавени во повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги Јапонија, Германија, Франција, Тајван и Виетнам.

Вкупниот број на заразени е повисок од оној кога беа инфицирани од САРС. Во 2002/2003 година од тој коронавирус животот го загубија 774 луѓе од кои 349 во Кина.

Во меѓувреме, финските власти потврдија за прв случај на коронавирус во државата. Други 15 лица се под строг лекарски надзор.

МИА/Фото: Jeff J Mitchell/Getty Images News

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите на коранавирусот

(ВИДЕО) Сами се бодрат пеејќи: Емотивни снимки од кинескиот град Вухан кој е во карантин поради коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

27-годишниот Алпај Муфти доживеа сообраќајна несреќа и две недели беше во кома, потребни сме за негово лечење

Редакција

Престанува мандатот на обвинителите на СЈО, Јовески може повторно да ги активира

Редакција

(Фото) “Набуко” на НОБ во Софија поздравена со овации, во Скопје ќе можете да ја погледнете на 21. септември

Редакција