еМагазин
Image default
Бизнис

Комерцијална банка: Бројот на вработени незначително се намалува поради пензионирање

Комерцијална банка АД Скопје реагира на текстот со наслов „Комерцијална банка планира добивка од 31 милион евра и помал број на вработени во 2020 година“ објавен на „еМагазин“ со образложение дека банката не е фокусирана на намалување на бројот на вработени.

Оттаму објаснуваат дека бројот на вработени во Комерцијална банка АД Скопје континуирано се намалува незначителнo и тоа само поради природен одлив (пензионирање).

Во текстот на „еМагазин“ беше пренесена содржината од Програмата на мерки и активности на деловната политика и Финансиски план за 2020 година, објавена преку Македонската берза за хартии од вредност.

Во неа пишува дека: „останатите расходи, кои се состојат од плати и други трошоци на вработените, премии за осигурување на депозитите, материјални трошоци, службени патувања, репрезентации, реклама и пропаганда, амортизација и други расходи, се планирани со намалување од 7,8% во однос на 2019 година, главно како резултат на планиран помал износ на материјални и други трошоци и помал износ на трошоци за плати поради намален број на вработени“.

Имено, во документот никаде не пишува од кои причини се намалува бројот на вработени, ниту пак „еМагазин“ напиша дека банката е фокусирана на намалување на бројот на вработени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка планира добивка од 31 милион евра и помал број на вработени во 2020 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ ги прекинува летовите од и до Украина

Редакција

Народниот правобранител распиша тендер за набавка на возила тежок 1,6 милиони денари

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Здравствен дом-Кратово за набавка на теренско возило вреден 17.000 евра

Редакција