еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Термалните камери на скопскиот аеродром досега не регистрирале сомнителен случај со корона вирус

Термалните камери кои на скопскиот аеродром ги постави Министерството за здравство досега не регистрирале сомнителен случај со корона вирус, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Веќе четврти ден како се прави овој скрининг. Имаме секојдневна комуникација со Управата за цивилно воздухопловство којашто има директен линк со авиокомпаниите и ни укажуваат однапред дали на овие летови може да очекуваме патници од Кина. Засега, со овој лет патници од Кина кој стигнува од Дубаи не се дојдени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Азијците кои беа нападнати и навредувани во Скопје поради корона вирусот биле од Обединетите Нации

Сите детали за еволуцијата на коронавирусите и како да се заштитиме од нив

Точно се знае што ќе се прави со секој сомнителен патник кој ќе стигне на аеродромот. Доколку има пациенти кои имаат одредени симптоми постои јасно одреден алгоритам како се постапува со изолација и мониторирање.

Доколку има патници коишто доаѓаат од Кина и немаат никакви симптоми се упатуваат на домашен мониторинг во период од 2 недели колку што трае инкубацијата,“ рече Филипче.

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје направи распоред на епидемиолози кои постојано се присутни на аеродромот и ја следат состојбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како во Кина за два дена направија болница за лекување од коронавирусот

Поради коронавирусот, да не си Кинез деновиве

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 почина Бурхан Скикули – педагог, поет, културен работник во Дебар

Редакција

Ердоган: Време е преговорите помеѓу Украина и Русија да дадат конкретни резултати

Редакција

Веднаш по пристигнување поради високите температури повлечени хеликоптерите од Пехчевско

Редакција