еМагазин
Image default
18+

Пет здравствени проблеми кои можете да си ги олесните со сексот

Некои научници тврдат дека редовните сексуални односи се клуч на вечната младост и добро телесно и духовно здравје на секој поединец. Докажано е дека сексот има лековито дејство, посебно кај болести од психосоматско потекло, а олеснува и бројни други здравствени проблеми.

Сексот го зајакнува срцето

За време на сексот дишењето странува подлабоко и побрзо што го зголемува кислородот во крвта и ги зајакнува мускулте. За време на сексот се зголемува и нивото на женскиот хормон естроген, кој е познат по благотворното влијание врз срцето.

Сексот го намалува холестеролот

Кај мажите за време на сексот се зголемува нивото на тестостерон кој помага во зајакнување на коските и мускулите, а истовреме го намалува нивото на холестерол.

Сексот ги ублажува симптимите на артритис

Сексот помага во намалување на главоболките и болките кои ги предизвикува артритисот. Ако сте често под стрес не постои подобра терапија од сексот. Исто така одличен е и за здравјето на простатата.

Сексот е добар за борба против вишок на килограми

Ако имате еднаш неделно секс за време на една година трошите 7.500 калории што одговара на трчање на 120 километри.

Сексот го олеснува предменструалниот синдром

Едно истражување а повеќе од 1.000 жени, покажало дека сексот ги олеснува менструалните болки. Жените кои редовно имале сексуални односи поретко се жалеле на предменструални и менструални болки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Знак кој јасно покажува дека жената доживеала оргазам

Редакција

Во Грција за прв пат доделени порно филмски награди

Редакција

Почнува месецот на Водолиите: Што сакаат во сексот

Редакција