еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Акционерски превирања во Стопанска банка Скопје: Малцински акционери тврдат дека се оштетени

Имателите на приоритетни акции во Стопанска банка Скопје подолг период се чувствуваат обесправено бидејќи банката одбива да изврши конверзија на приоритетните во обични акции, а како што тврдат истовремено се намалуваат нивните права.

Имено, во реакција објавена преку Македонската берза, Влатко Ташковски, сопственик и претставник на 43 отсто од приоритетните акции во банката, меѓудругото, се вели дека Стопанска банка Скопје која е целосно контролирана од Националната банка на Грција применува дивидендни политики кои се само во корист на имателите на обични акции, а на штета на акционерите без право на глас.

Се додава дека банката предлагала одлуки така што износот на дивидендата за приоритетните акции за изминативе 19 години се намалил за 83 отсто и не се исплаќала дел од добивката како дополнителна дивиденда на приоритетни акции, како што е утврдено во актот за емисија на акциите на банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бојан Стојаноски именуван за член на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје

Димитриос Христопулос поднесе оставка од Надзорниот одбор на Стопанска банка АД Скопје

Детален преглед: Стопанска банка Скопје распродава запленети згради, куќи, деловен простор, машини…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МНР поради бришењето на клубот во Битола ја обвини Македонија за кршење на Европската конвенција за човекови права

Редакција

Јанева на денешната прес-конференција во СЈО не одговараше на новинарски прашања

Редакција

Лажни се дојавите за бомби во училиштата и Управниот суд во Скопје

Редакција