еМагазин
ЖИВОТ

Топло до утре попладне, потоа ветер и пад на температурите

Стабилното време со релативно високи температури за овој период од годината ќе трае до утре попладне од кога се очекува промена на времето со засилен ветер и значително опаѓање на температурата.

Синоптичарите за денеска најавуваат максимална температура во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер со променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 13-тиот степен.

Утринава најстудено е во Берово каде се измерени -3 степени, а еден под нулата е измерен во Петровец. Во останатите градови низ државата утринските температури се над нулата. Најтопло е во Дојран каде се измерени 6 степени, а топло е и во Маврово, Крушево, Битола и Виница каде се изремени 4 степени.

Снег, според Управата за хидрометеоролошки работи, има само на Попова Шапка каде висината на снежната покривка изнесува само пет сантиметри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во следните два дена промена на времето со пороен дожд и грмежи во јужните делови

Редакција

Исчезната ли е Македонката Наташа Совраноски во Германија?

Редакција

Доктор Беќаровски: Врие од лажни сертификати

Редакција