Денеска (4 февруари) околу 12 часот и 30 минути на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода М.А.(38) од Тетово поради примање поткуп од лице од Гостивар.
„М.А. како вработен во УЈП Тетово побарал од гостиварецот 300 евра за да не му биде затворен неговиот објект, откако пред една недела при контрола во објектот биле констатирани одредени законски недостатоци.
Побараните средства претходно биле крим-технички обработени и му биле дадени на М.А, кој се обидел да се ослободи од нив, но бил фатен и спречен во намерата. М.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и во консултација и координација со Јавен обвинител од ОЈО Гостивар ќе му биде изготвен соодветен поднесок,“ информираат од МВР.