еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитров бара разрешување на Мизрахи: Грција упати вербална нота поради смената на таблата со името

Грција упатила вербална нота до државата поради прекршување на Преспанскиот договор, информираше денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Договорот од Преспа го прекршила техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи која ја променила таблата со името на министерството и уставното име на државата Република Северна Македонија и поставила стара табла, со старото име Република Македонија, информираше министерот.

„Мизрахи го прекрши Уставот, иако при доаѓањето на таа функција се обврза да го почитува и да го брани уставот. Грција испрати протесна нота за овој случај“, рече Димитров и јавно му предложи на техничкиот премиер Оливер Спасовски да побара нејзино разрешување додека се уште не е распуштено Собранието, поради тоа што нејзиното однесување може да предизвика дополнителни прекршувања на Уставот.

„Ова претставува грубо прекршување на Договорот од Преспа и доаѓа по повторени прекршувања на Договорот од страна на министерот за труд и социјална политика и од министерот за внатрешни работи. Амбасадата го посочува фактот дека Договорот од Преспа мора да биде доследно и посотојано почитуван“, пишувало во вербалната нота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерката Мизрахи: Таблата поставена во Министерството е наследена, не постои стара и нова

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Голем пожар: Горат бараки во близина на Стара рампа во Скопје

Редакција

(ВИДЕО) Катица Јанева одговараше на новинарите џвакајќи „мастика„

Редакција

Од Ковид-19 починало едно лице со коморбидитет

Редакција