еМагазин
Image default
Македонија

Лекари утврдија дека Боки 13 може да го следи судењето за „Рекет“, боледува од гастритис, а не од канцер

По речиси еден час продолжи рочиштето за „Рекет“, откако екипата на Брза помош утврди дека обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 може да го следи судењето.

Судијката Васка Николовска-Масевска во судницата го прочита извесувањето од Клиниката на гастроентерохепатологија во кое е наведено дека Јовановски имал хроничен гастритис и оти малигни материјали не биле најдени, по што рече дека судењето ќе продолжи.

Боки 13 на ова реагираше со повишен тон, велејќи дека се врши тортура врз него и оти не бил прегледан од комисија доктори.

Судењето продолжи со презентирање на материјални докази од страна на Обвинителството.

Беше презентирано дека Боки 13 преку Ватсап комуницирал со лицето Васе за случајот ,,Империја”. Тие разменувале информаци и слики за судската постапка.

Обвинителство презентираше и скриншот од комуникација меѓу Боки 13 и Дејан Панделески од „Пелистерка“.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Рекет“: Боки 13 се пожали на болки, судијката повика Брза помош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

18 од 73. пратеници кои за патни трошоци наплатиле 360.000 евра имаат станови во Скопје

Редакција

Али Ахмети повторно избран за лидер на ДУИ

Редакција

Советот на Општина Струга можел да го спречи набавувањето на автомобилот на Мерко

Редакција