Островската држава во Јужна Африка, Комори на Кина ѝ донираше симболични 100 евра за да помогне во борбата против ширењето на коноравирусот. Парите му беа врачени на кинескиот амбасадор, во главниот град на Комори, Морони.
Ахамад Мса Млива, кој ја предводеше делегацијата, изјави дека тие како држава се свесни за капацитетот на Кина, но со овој гест сакале да покажат колку се загрижени за состојбата со вирусот.
Инаку, Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека официјалното име на болеста предизвикана од новиот коронавирус е КОВИД-19.
Од вирусот до сега починаа 1.113 луѓе, а повеќе од 44.000 се заразени. До развојот на нова вакцина може да помине и година и половина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За само еден ден 100 смртни случаеви: Коронавирусот веќе усмрти над 1.000 лица
Фото: Фото: Darley Shen/Reuters