еМагазин
Image default
Македонија

Грчки медиуми: Министерката Мизрахи од ВМРО продолжува да провоцира

Ставот на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи дека ќе продолжи да ја користи таблата со старото име, го објавуваат медиуми во Грција, пренесувајќи го текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

„Северна Македонија: Продолжува да провоцира министерката за труд“; „Скопје: Министерката за труд не ја симна таблата со името „Република Македонија“; „Министерка на Северна Македонија инсистира на старата табла“; „Министерката од ВМРО одново се појави пред контроверзната табла Република Македонија“;  „Северна Македонија: Министерката за труд не ја трга таблата со старото име на земјата“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.

-Министерката за труд и социјална политика од техничката влада на Северна Македонија, Рашела Мизрахи, на прес-конференција за темите од нејзиното министерство, повторно се појави пред „контроверзната“ табла на која е напишано претходното име на земјата (Република Македонија).

Мизрахи која доаѓа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, прашана за конкретното, изјави дека таблата ја наследи кога ја презеде министерската функција на почетокот на јануари и нема намера да ја смени, пишува грчката новинска агенција во текстот под наслов „Северна Македонија: министерката за труд ја користи таблата со старото име на земјата“ што го презедоа останатите онлајн изданија на медиумите во Грција.

Медиумите, паралелно, ја пренесуваат и веста за ратификацијата во македонското Собрание на протоколот за членство во НАТО, текст исто така објавен и преземен од државната новинска агенција АНА-МПА.

Во текстот, објаснето е дека останува уште Шпанија да го ратификува протоколот за членство на нашата земја во НАТО, веројатно во текот на март, но дека тогаш „ќе се распушти Парламентот на Северна Македонија за да се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април“, а пренесен е и дел од говорот на претседателот Стево Пендаровски.

МИА/Фото: Фејсбук/Мизрахи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски по најавата за разрешување на министерката Мизрахи повикува на разум и достоинство

Спасовски до Собранието доставил барање за разрешување на министерката Мизрахи

Министерката Мизрахи и казна ќе плати, ама таблата со Република Македонија не ја менува

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 920 пациенти болни и сомнителни на Ковид-19

Редакција

Македонските историчари прават се за да нема напредок, вели Димитров, претседателот на бугарскиот дел од заедничката Комисија

Редакција

Прогласена епидемија на морбили на територија на Градот Скопје: 12 нови случаи и сите невакцинирани

Редакција