еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски по најавата за разрешување на министерката Мизрахи повикува на разум и достоинство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на предлогот од премиерот Оливер Спасовски за разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, кадар делегиран од ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада, апелира на разум и достоинство.

Смета дека тоа се политички маневри и предупредува дека може да ја однесат државата во тешко политичко сценарио.

-Свесни се дека губат, ја разбирам нивната нервоза, знаат дека следи одговорност по 12 април. Нема потреба од ваква нервоза, бидејќи граѓаните се тие кои на крајот од денот сите овие политички гимнастики што се обидуваат овие сценаристи да ги креираат негативно и влијаат.

Апелирам до Спасовски да се воздржи од какви било политички маневри и слугувања на политиките на СДСМ, да го гледа државниот интерес и свесно да не ја тера државата во едно тешко политичко сценарио, изјави Мицкоски.

Прашан дали токму предлогот за разрешување на Мизрахи ќе го одолговлечи распуштањето на Собранието, Мицкоски кажа дека ќе биде чесно денеска парламентарно мнозинснтво да се охрабри, да се собере и да се распушти Собранието како што е договорено.

– Не е добро, ниту за државата, вака по пат на насилство да се туркаат работите. Политички договор постои и тој треба да се почитува. Имаме 60 дена до денот на гласање, колку толку барем да имаме елементарни услови за пристоен изборен ден на12 април, рече Мицкоски.

МИА/Фото: Мизрахи/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОРТРЕТ: Рашела Мизрахи, биохемичарката која стана министерка за труд и социјална политика

Грчки медиуми: Министерката Мизрахи од ВМРО продолжува да провоцира

Спасовски до Собранието доставил барање за разрешување на министерката Мизрахи

Министерката Мизрахи и казна ќе плати, ама таблата со Република Македонија не ја менува

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана

Редакција

Новиот Клинички центар ќе биде во скопски Ѓорче Петров

Редакција

Нападите врз македонските Бугари и нивните здруженија влегоа во извештајот на Европската комисија за Македонија

Редакција