еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Ѓонул Бајрактар, наследникот на Мизрахи

Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, кој е на оваа функција пред формирањето на техничката Влада, со заклучок на Владата ги презеде овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика (МТСП), по разрешувањето на Рашела Мизрахи, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал заменик министер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ѓонул Бајрактар, кој доаѓа на местото на разрешената Мизрахи

Каков имот има

Како заеднички имот пријавил стан во Скопје од 96 метри квадратни, проценет на 3,9 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

На свое име пријавил земјиште во Струга од наследство од 60 метри квадратни, проценето на 1,2 милиони денари..

Вози Даеву Матиз, а неговата сопруга Опел Астра.

И двајцата имаат кредити. Неговата сопруга во 2018 година зела кредит од 800 илјади денари, кој треба да го врати до 2028 година, а тој лани од 780 илјади денари, кој треба да го врати до 2029 година.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е разрешената министерка Рашела Мизрахи

Каков имот пријавила новата министерка Рашела Мизрахи

Фото: МТСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите вакцините се безбедни, но кинеските се покажаа помалку ефикасни кон делта сојот од мРНА вакцините, вели Грозданова

Редакција

Грипот однесе уште пет животи, вкупно досега 28

Редакција

Никола Ристановски награден за најдобра машка улога на фестивалот „Нов тврдина театар„ во Нови Сад

Редакција