еМагазин
Image default
Македонија

Сведокот Аземи преку видео-врска од Германија треба да сведочи за случајот „Титаник 3“

Дали ќе се воспостави конференциска видеоврска меѓу сведокот Ресмије Аземи од Германија и Кривичниот суд во Скопје за случајот „Титаник 3” ќе се знае на денешното рочиште за овој предмет.

Минатото рочиште одржано на 29 јануари се одложи токму поради отсуството на овој сведок. Во известувањето на Судот се наведе дека сведокот на 20 декември минатата година преку е-пошта го известил Судот дека од здравствени причини нема да може да патува следната половина од годината.

Обвинети во овој предмет се Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ. Според обвинението поведено од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), обвинетите се товарат за изборни нерегуларности во Чаир на локалните избори одржани во 2013 година.

Судската постапка за „Титаник 3” досега двапати беше почната од почеток. Откога судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка.

Застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отсуството на обвинетиот Илија Димовски го одложи судењето за „Талир“

Редакција

Кои се носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори

Редакција

Преспанскиот договор е реалност и ќе го почитувам, изјави Силјановска Давкова

Редакција