На 23.02.2020, околу 10.00 часот во с.Романовце,кумановско во куќа сопственост на Ш.А. при експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години починале на местото на настанот, а шест лица се пренесени во Општа болница Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди, но поради сериозноста на повредите истите се префрлени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“, информира МВР.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Куманово. Известен е јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово е упатена на местотот на настанот со цел утврдување на причините кои довеле до несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бремена жена и дете меѓу повредените во трагедијата во Романовце
Тројца од повредените во трагедијата во Романовце во тешка состојба