Претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индустрија Ангел Димитров на денешната прес-конференција во Стопанската комора рече дека корона вирусот во Италија ќе погоди и дел од македонското стопанство.
„Наш најголем партнер во однос на призводството на облека е Германија и таму немаме проблеми, но во Италија, баш во делот каде сега се шири коронавирусот, имаме многу компании кои соработуваат со кожарската индустрија“, рече Димитров.
Посебно на удар ќе биде чевларската индустрија, а не е исклучено и голем дел од кумановските компании да се затворат, бидејќи веќе е затворен голем дел од северот на Италија каде се извезуваат македонски чевли, а алтернативен пазар за пласман засега нема.
Според Министерство за надворешни работи, засега нема информации за македонски државјани заболени од корона вирус на северот на Италија, каде што има 23.000 наши државјани.
Министерот за здравство упати апел да не се патува во тој регион доколку се нема итна потреба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Превенција од коронавирусот: Маски за еднократна употреба, кои се најевтини, НЕМА
Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки
Филипче апелираше граѓаните да ги откажат патувањата во Северна Италија доколку немаат итна потреба