еМагазин
Image default
Локално

ЈСП ќе врши дополнителна дезинфекција на автобусите и на кабините на жичницата

ЈСП Скопје ќе започне со дополнителна (вонредна) дезинфекција на возилата вклучени во јавниот превоз, како и на кабините на Жичницата.

„Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10%, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото како ракодржачи и слично.

ЈСП Скопје одлучи да почне да ја спроведува дополнителната (вонредна) дезинфекција како мерка за заштита од корона вирусот со оглед на тоа дека јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат 115.000-130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат Жичарницата.

Дополнителната (вонредна) дезинфекција ќе се врши секојдневно, се до добиените нови препораки од надлежните институции кои ја следат состојбата со корона вирусот,“ информираат од ЈСП.

Од таму додаваат дека  внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекционо својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројката на изолирани како претпазливост од корона вирус од осум се зголеми на 12, помеѓу нив и две деца

Уште двајца заболени од коронавирус во Грција, се откажува карневалот во Патра

Лицето кое дополнително беше тестирано, нема корона вирус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Засолништето на планинарите вандализирано: Вреќи песок на грб се носеа за кулата на Титов врв да се направи за поголема безбедност

Редакција

Двајца скопјани се степале во казино на „Партизанска“

Редакција

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот од маркет во скопско Црниче

Редакција