еМагазин
Image default
Балкан

Косово ќе ги укине таксите на производите од Србија и Босна и Херцеговина

Косово од 15 март ќе започне со постепено укинување на таксите на производите кои се увезуваат од Србија и Босна и Херцеговина.

Информацијата ја соопшти новиот премиер на Косово, Албин Курти.

„Прво, како знак на добра волја и подготвеност да го решиме економскиот спор со Србија следната недела, на 15 март ќе донесеме одлука да се укинат таксите на суровините што се увезуваат од Србија и Босна и Херцеговина“, изјави Курти на вонредна прес-конференција, пренесуваат регионалните медиуми.

Во исто време, Србија треба да се заложи да ја запре кампањата против признавањето на независноста на Косово и исто така да започне со отстранување на трговските бариери.

„Ако српската страна покаже подготвеност и ги отстрани тарифните бариери, ние до 1 април целосно во рок од 90 дена ќе ја укинеме тарифата“, рече Курти.

Во случај Србија да не се придржува до обврската за отстранување на бариерите и не ја прекине кампањата против независноста на државата, Косово од 1 април ќе започне со спроведување мерки за реципроцитет, прво во областа на трговските односи, најави Курти.

Доколку српската страна не одговори на овие барања, косовската влада на 15 јуни ќе ја врати тарифата од 100%.

Фото: Фејсбук/Курти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) За 15 милиони евра се продава вила на семејството на Аристотел Оназис

Редакција

Во Грција на плажа ќе може и со руска и со кинеска вакцина

Редакција

(Видео) Албанија отвори два прифатни центри во кои Италија ќе испраќа мигранти

Редакција