еМагазин
Image default
Бизнис

Корона вирусот ќе удри и по македонската економија, предупредува Бизнис конфедерацијата

Корона вирусот ќе предизвика остар пад во услужниот сектор, туризмот и индустријата, нарушувања во синџирот на снабдување, ослабена побарувачка за стоки и пад на довербата на потрошувачите, се вели во соопштението на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

„Ковид-19 (коронавирус) се рашири насекаде низ светот без исклучок. Треба да бидеме реални и да ни биде јасно дека и Македонија е дел од глобалното социо-економско семјество и дека нема да бидеме „заобиколени“.

Владата, директно вклучените и засегнатите не смеат да си дозволат да чекаат. Економските тимови и советници мора да се советуваат со останатите економии, да ги следат сите индекси и економски показатели.

Потсетуваме дека не смее да се потпираме на поврзаните ефекти. Во овој специфичен момент за нашата држава, предвремени парламентарни избори во моменти на заканувачка состојба на ширење на вирусот, апелираме за сериозен фокус кон заштитата на граѓаните, грижата за здравјето на сите и ревидирање и проучување на сите мерки за масовна заштита,“ велат од Бизнис конфедерацијата.

Од таму препорачуваат и владината потрошувачка да биде насочена, пред се, кон здравствениот сектор, кон поддршка на истражувања.

„Извесно е дека семејствата и домаќинствата не се сигурни и загрижени. Фирми во сектори како што се туризам, текстил, електроника за автомобили веќе известуваат за намалување во снабдувањето односно сериозно намалување на побарувачката.

Затоа, паралелно со здравјето, приоритет треба да биде да се договорат и дозволат краткорочни работни шеми и да се обезбеди привремена помош кон ранливите домаќинства за да ги намалат загубите на приходите од прекини во работата или евентуални отпуштања од работа,“ се додава во соопштението.

Тие порачуваат сериозно да се размисли и за оптимизација на трошоците и намалувањето на фиксните давачки и даноците. Кредитната воздржаност исто така може да помогне да се намали притисокот врз компаниите кои се соочуваат со ненадеен пад на побарувачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од коронавирусот во светот заразени над 90.000 лица, досега починале 3.119

(ВИДЕО) Германски министер не сакаше да се ракува со Меркел поради коронавирусот

Двајцата лекари кои се вратија од Мадрид не се заразени со корона вирус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камник започна со производство на овошни ракии

Редакција

Ново покачување: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени

Редакција

И на министерот Николоски му нуделе поткуп, повлечени членовите од Комисијата за евалуација за пругата кон Бугарија 

Редакција