Бојан Јовановски-Боки 13 останува во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, бидејќи Апелациониот суд ја отфрли неговата жалба и гаранцијата од 143.000 евра која ја нудеше за да излезе од притвор.
Информацијата за „Фокус“ ја потврдија од Апелациониот суд.
Пред неколку дена како што објасни неговиот адвокат Сашо Дукоски, Боки 13 за излегување од притвор понуди 143.000 евра гаранција во имот, медицинска документација за чир на желудник, како и докази дека кога бил притворен бил на граничен премин од каде ќе патувал на годишен одмор.
Гаранцијата од имотот е половина од куќата на неговите родители и втората идеална половина од истиот објект во сопственост на негов прв братучед, како и дуќан на име на неговата мајка.
Јовановски пред советот се пожали на условите во притворското оделение, бидејќи, како што рече според медицинските извештаи треба да одржува диететско-хигиенски режим, оти има чир на желудник кој веќе неколку пати се зголемувал.
Боки 13 рече дека се чувствувал дискриминиран поради образложението за притворот дека немал формирано потесно семејство и потенцира дека тој е единствено обвинето лице кое не дало исказ пред обвинител, бидејќи кога тоа требало да се случи, му се слошило од уцените од обвинителката Вилма Рускоска која го „терала“ да каже дека Катица Јанева или Фросина Ременски работеле нешто незаконски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Инстаграм/Боки 13