еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Визер нема да лета од Скопје и Охрид до Милано, Тревизо и Бергамо до 3 април, за да го спречи ширењето на корона вирусот

Wizz Air, најзелената авиокомпанија во Европа и најголемиот ниско-буџетен превозник во Централна и Источна Европа, денеска објави дека рутите за Милано (MXP), Тревизо (TSF) и Бергамо (BGY) ќе бидат суспендирани, поради затворањето на северниот дел на Италија, со цел да го спречи ширењето на Корона вирусот.

Летовите од Скопје и Охрид кон горенаведените италијански градови ќе бидат прекинати до 3 април.

Патниците кои имаат направено резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време.

Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120% повраток на цената во кредити.

Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за само-користење.

“Ве молиме имајте во предвид дека авиокомпанијата може да ги информира само патниците кои нивната резервација ја направиле преку wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата.

Патниците кои имаат резервирано преку туристички агенции – вклучувајќи ги онлајн туристичките агенции – треба да стапат во контакт со компанијата преку која ги купиле нивните билети“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците кои се враќаат од Италија потенцијална коронавирус „бомба„

Возачот на автобусот со кој допатуваа сопружниците од Дебар е негативен на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата забрани настапи на пејачи и диџеи по локалите, на една маса дозволено да седат 4 лица

Редакција

Од понеделник ќе може да се плаќаат сметки во Пошта, но не во сите подружници

Редакција

Вкупно 1.029 случаи на Ковид-19 во Македонија се импортирани

Редакција