еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Возачот на автобусот со кој допатуваа сопружниците од Дебар е негативен на корона вирусот

Министерството за здравство информира дека возачот на автобусот со кој допатуваа двајцата ново-заболени пациенти е негативен на корона вирус.

Тој вчера со нова тура патници од Италија беше пречекан на граничниот премин Табановце.

Автобусот беше тргнат на страна, а до добивањето на резултатите од тестот, тој и патниците беа во неколку часовна изолација во објект на Царинската управа на граничниот премин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците кои се враќаат од Италија потенцијална коронавирус „бомба„

“До истекот на 14-иот ден од периодот на инкубација, пресметано од последниот ден на контакт со заболените (27 февруари), шоферот, со решение на ДСЗИ, останува во домашна изолација, под здравствен надзор на епидемиолозите“, велат од Министерството за здравство.

Патниците, пак, кои вчера пристигнаа со него, по прегледот од епидемиолозите на граничниот премин, при кој кај ниту еден не е индицирана болест, се пуштени дома.

Тие немале контакт со позитивен пациент, но дадени им се препораки, доколку почувствуваат некои симптоми, да не одат по здравствени институции, туку веднаш да се јават во центрите за јавно здравје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопружниците од Дебар контактирале со девет лица, лоцирани сите патници кои патувале со нив

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери е задоволен што го исполнил ветувањето кон пратеничките, им отвори женска соба

Редакција

Најмногу на возраст од 60 години и со претходни заболувања, детали за починатите од коронавирусот во Македонија

Редакција

И Бугарите во Македонија услов за ЕУ: Колкав е нивниот вистински број?

Редакција