Министерството за здравство вечерва информира дека од осумте тестирани пациенти на коронавирус попладнево, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни, а останатите петмина се негативни на коронавирусот.
-Позитивните пациенти, од петокот, 6 март, беа во домашна изолација со решение за ДСЗИ, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, наведуваат од Министерството за здравство.
На коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред три дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар.
Со потврдувањето на трите нови случаи бројката на инфицирани со коронавирус се искачи на седум.
Денеска беше потврдено и дека со коронавирусот е заразена и директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црно ни се пишува кога лекарка не ги почитувала препораките за корона вирусот
Неколку лекарки од Штип во домашна изолација, биле во контакт со заразената директорка
Осум лица се тестираат на корона вирусот, околу 200 се во домашна изолација