Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги откажа сите активности во наредните денови, а откажани се и сите настани од партиската агенда со цел да се превенира ширење на коронавирусот.
„Иако денеска беа закажани средби на претседателот Зоран Заев со неколку стопански комори, а утре и задутре беа предвидени партиски настани во повеќе граѓани, политичкото раководство на СДСМ одлучи да се откажат настаните, бидејќи нема поголема вредност од јавното здравје“, изјави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешата прес-конференција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се тестира 16-годишно девојче за корона вирус, засега нема нов случај
Се забранува автобуски превоз кон Италија и Франција, заради превенција од ширење на корона вирусот
Ќе ги имаме ли првите избори без митинзи поради корона вирусот?
Фото: Фејсбук/СДСМ