Министерство за здравство на нивната веб-страница објави листа на земји кои се високо, средно и нискоризични во однос на заразени и починати од корона вирусот.
Овие информации треба да се знаат, ако сте патувале во тие држави, или пак треба да патувате.
Министерот за здравство, Венко Филипче вчера препорача дека најдобро е да не се патува, имајќи предвид дека една држава многу брзо преминува од една во друга поризична категорија, а тие што доаѓаат од земји со висок и среден ризк да се самоизолираат.
Исто така, многу е важно патниците кои пристигнуваат во државата да ги даваат точните податоци, за да се процени степенот на ризик.
Владата го забрани и автобускиот превоз во високо-ризичните земји.
Целата листа, каде податоците постојано се менуваат, може да се види ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се забранува автобуски превоз кон Италија и Франција, заради превенција од ширење на корона вирусот
Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки
На овие телефонски броеви може да се јавите при сомнителни симптоми на корона вирус
Би се самоизолирале ли поради корона вирусот?