еМагазин
Image default
Локално

Од утре нема да важи бесплатниот јавен превоз за пензионери, студенти и средношколци

Согласно со актуелната состојба со корона вирусот, како една од мерките и препораките на Владата за намалено користење на јавниот превоз со цел превенција од ширење на вирусот, од Град Скопје информираат дека од утре 12 март нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 години, мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичницата на Водно.

„Според препораките и поради тоа што наставниот процес е прекинат, Ве информираме дека од утре, четврток (12.03.2020 год) нема да важат ниту бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз.

Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници и редуцираниот јавен превоз во наредните две недели е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот. Одлуката е привремена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки,“ се вели во соопштението на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈСП од утре со редуциран возен ред поради состојбата со корона вирусот

Кои хронично болни лица треба посебно да бидат претпазливи на корона вирусот и ослободени од работа

Важно ако одите или пристигате: Кои држави спаѓаат во високоризични и средноризични за корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На првата средба со новиот градоначалник, САСА ја потврди определбата за натамошна поддршка на заедницата

Редакција

Гореше „Мерцедес“ во скопски Чаир

Редакција

Филмска бркотница: Возач и 55 мигранти бегале од полицијата

Редакција