Од денеска од 10 часот во сите градови во Србија ќе биде забранет излез за сите постари лица од 65 години, а во селските средини излезот ќе биде забранет за лицата постари од 70 години, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ, на вонредна прес конференција.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ кажа дека „од утре во 20 часот до 05 часот ќе биде забрането движење на улиците во Србија на сите лица, освен органите на власт и оние кои ќе имаат работна обврска.“
– Војска ќе ги преземе сите гранични премини, мигрантски центри, болници и други објекти, изјави Вучиќ, објаснувајќи ги најновите мерки на Србија во борбата против пандемијата на коронавирусот.
Целта ни е да за два до три дена да се бидат укинати сите автобуски и железнички линии, бидејќи целта ни е луѓето да останат во своите домови.
Вучиќ кажа дека Србија ќе излезе во пресрет на барањата на соседите и ќе и „излезе во пресрет на барањата на Северна Македонија за извоз на пченка и брашно.“
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Корона вирусот пристистигна и во Црна Гора
Вкупно 31: Пет нови случаи заболени со корона вирусот, помеѓу нив и медицинскиот персонал од Дебар