еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што ќе значи вонредната состојба ќе зависи од однесувањето на граѓаните

Што ќе значи прогласувањето на вонредната состојба, ќе зависи од поведението на граѓаните и од состојбите, рече на денешната прес конференција, премиерот Оливер Спасовски.

Тој додаде дека деталите ќе бидат дефинирани со одлуки на Владата, односно ќе се одлучува во кои сегменти ќе бидат зајакнати контролите.

„Воведување вонредна состојба не значи дека по автоматизам ќе се воведат рестрикции на слободите и движењето на граѓаните. Доколку дојде до нови рестрикции и мерки, тие одлуки ќе се носат на дневно ниво, како и до сега, за што граѓаните редовно ќе ги информираме,“ рече Спасовски.

Вонредната состојба ќе трае еден месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секој граѓанин што ќе излезе од државата да потпише изјава дека следните три месеци нема да се врати

Владата предлага воведување на вонредна состојба веднаш

Вкупно 35 заболени од корона вирусот: Уште четворица нови пациенти од Скопје

Бугарија го стави Банско во карантин поради корона вирусот

(ВИДЕО) Полицијата го ограничува движењето низ Солун, нема шетање покрај море

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 916 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

(Галерија) Цела Влада на миса на папата Франциск

Редакција

Пристигна GM200ze ново мултифункционално возило на „Брако“: Косилка, чистач на снег, плажа или улици во едно 

Редакција