еМагазин
Image default
Македонија

Здравствената состојба на четиригодишното девојче од Штип заразено со корона вирусот е добра

Добра е здравствена состојба на четиригодишноте дете кое е првиот случај со корона вирус во Штип.

Детето со мајката се сместени на Инфективното одделение. Се чекаат резултатите за тројца од семејството, рече на денешната прес-конференција Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев.

Надлежните од Центарот за јавно здравје дополнува дека кај нив се јавиле дополнително пет лица, кои биле во контакт со семејството и во текот на денот ќе бидат тестирани.

– Добра работа е што малата пациентка е во добра здравствена состојба и со лесна клиничка слика. Во тек се иследувањето на сите оние контакти, коишто биле со пациентката, коишто по препорака на епидемиолозите треба да се тестираат и ги чекаме резултатите за сите оние коишто биле во околината на пациенот, вели Ѓеорѓијев.

Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека семејството е пристигнато од Англија на 14 март, а за тестираење се јавиле по појавата на симптомите кај девојчето.

Директорот на штипската болница, Ѓеорѓијев потенцираше дека од денеска на сите пациенти кои ќе влегуваат во болницата ќе им се мери телесната температура, набавени се 18 далечински мерачи.

Во штипската болница има два респиратори, а во тек е набавка на уште еден. Набавени се и заштитни наочари за сите лекари.

Апелираше пациентите да доаѓаат во болницата само во итни случаи, со цел да се штедат и ресурсите на болницата.

-Секој ден се трудиме да го заштитиме персоналот на болницата и на оние пациенти кои ќе дојдат на преглед во Клиничка болница-Штип. Пред два дена набавивме дополнителни 200 скафандери, а денеска сите вработени ќе добијат заштитни наочари, вели Ѓеорѓијев.

Потенцираше дека сите амбуланти по 15:00 часот се дезинфецираат, поставени се и апарати за дезинфекција пред сите амбуланти, за да пациентите ги дезинфецираат рацете.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека до утринава во самоизолација се 345 граѓани кои допатувале од странство во своите родни места во источниот регион. Оваа бројка за разлика од вчера е зголемена за сто, се зголемува и бројот на лица кои со решение се под посебен надзор, во Штип ако вчера биле шест сега има дополнителни девет, со што бројката се искачи на 15.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следува потопол период, колку тој ќе ја ублажи состојбата со коронавирусот?

Сега не е време за диети – со зеленчук, овошје, чаеви, супи, јогурт и пилешко против коронавирусот

Корона вирусот засега на зелените пазари ги накачи цените на лимоните и кромидот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што е пасаван, со кој според Вучиќ, Груевски избега до Унгарија

Редакција

Мајка со две деца од Македонија евакуирани од Газа, претходно не сакале да се вратат

Редакција

Припадниците на Армијата пуштени на домашно лекување по вчерашната сообраќајка

Редакција