еМагазин
Image default
Македонија

Од денеска Министерството за здравство еднаш дневно ќе информира за нови случаи со корона вирус

Поради растот на бројот на случаи на Ковид19 од денеска Министерството за здравство еднаш дневно ќе информира за точните статистики и бројки на заболени лица од Ковид19. Ќе информираме за состојбата до 12 часот и таа бројка ќе се однесува на претходните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство.

Од Министерството појаснуваат дека сосега ова го правеле два до три пати во денот, но, како што појаснуваат, откако има локална трансмисија и почнуваат да се вршат тестирања на повеќе локации, собирањето на точните бројки и статистики бара повеќе време.

-Заради локалната трансмисија и појава на изолирани случаи настрана од кластери на пациенти кои се во ко-релација во Скопје и Дебар, а веројатно истото ќе се случи и на други локации, нема да бидеме во можност за сите слуачи да споделуваме информации од епидемиолошката анкета, како што тоа го правевме досега.

Ова практично значи дека нема да можеме секогаш да одговориме или информираме за контактите кои заболените ги имале со други лица или колку дополнително луѓе се тестираат како резултат на контакт со секој од новозаболените. Веруваме дека разбирате за каков обем на информации и процеси се работи и дека тоа практично нема да биде возможно, велат од Министерството за здравство.

Нашата ПР служба, додаваат од Министерството, е максимално посветена да го одговри секое прашање во најкус можен рок и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина.

-Сепак, замолуваме за разбирање доколку во одреден момент недоволно брзо одговараме. Тоа е најчесто така затоа што службите во здравствените институции имаат многу работа и не можат со очекуваната брзина да ни достават точни информации, се вели во денешното соопштение од Министерството за здравство.

„Министерството за здравство од првиот ден прави огромни напори навремено, транспарентно и точно да ја известува јавноста и да комуницира со медиумите. Искрено се надеваме, дека досега ја стекнавме вашата доверба и ќе се потрудиме да направиме се и понатаму да продолжиме така,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонка од центарот на епидемијата на корона вирусот во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

Вкупно 76 лица заболени од корона вирусот: Шест новозаболени, меѓу кои брачна двојка од Кавадарци

Владата ќе воведе забрана и посебен режим на движење: Армијата и полицијата излегуваат на улица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 406 случаи на Ковид-19, во Скопје 184

Редакција

11 лица биле на возраст од 30 до 49 години: За една недела 159 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Потпретседателот на Беса, Аријанит Хоџа формира нова партија, Европска демократска партија

Редакција