еМагазин
Image default
Македонија

Кој и каде ќе може да се тестира: Од денеска 14 пунктови за тестирање за коронавирус

Од денеска почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирус на територијата на целата држава.

Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“, а во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени информациите за сите центри ширум државата.

-Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки индикации и со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алторитам што ќе укаже на тоа дали граѓанинот треба да биде тестиран или не.

По вчерашниот координативен состанок со Здружението на матичните лекари тие целосно се вклучија во поддршка на овој систем на идентификација на рано откривање, зголемување на пристапот на пациентите односно граѓаните прво до дијагностика, а после и до спроведување и извршување на тестовите, соопшти вчера на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Повтори дека Кол-центарот е веќе во функција од викендот и оти тој за време на работните денови ќе работи и со зголемен капацитет на луѓе со цел да се избегне чекањето.

Во текот на денешниот ден, како што најави Филипче, по истекувањето на 14 дена од воспоставување на дијагнозата кај шест пациенти ќе се земе контролен брис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

7 пациенти со коронавирусот се на третман со кислородна поддршка, а со самокислородна маска 11

Детална листа: Како изгледа бројот на заразени со коронавирусот во Македонија по градови

Втор починат пациент од корона вирусот: Почина маж од Дебар на 63 годишна возраст

Најмногу од заразените со коронавирусот во Македонија се на возраст од 15 до 49 години

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Вицепремиерот Николовски се вакцинираше против Ковид-19 со кинеската „Синофарм“

Редакција

Убава вест: Оздравени 515 болни од Ковид-19

Редакција

Зибери: Гласав од посебна кабина затоа што не се чувствував добро, незнам дали сум позитивен на Ковид-19

Редакција