Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на „ескалирање“ на епидемијата на новиот коронавирус во САД. Според проценките, тие би можеле да станат епицентар на пандемијата.
„Во последните 24 часа 85 отсто од новите случаи на зараза биле во Европа и во САД, од кои 40 проценти во САД“, изјави претставничката на СЗО, Маргарет Харис.
Според неа, „во САД има голем пораст на бројот на инфицирани и се поголем интензитет на ширење на епидемијата“.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Губењето на осет за мирис и вкус „скриени“ симптоми за коронавирусот, кои се другите?
(ВИДЕО) Како изгледа тестирањето за коронавирусот
Пандемијата од корона вирусот зема замав, во изолација речиси две милијарди луѓе
(Фото) Владата се уште држи седници без заштита на министрите против корона вирусот