еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За какви лекови се работи: Пациентите со коронавирус во Македонија ќе се лекуваат со хидроклор и Сумамед

Од денеска кај заболените од коронавирусот во Македонија ќе почне да се применува комбинацијата што ја содржи лекот хидроклор и азитромицин, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Таа е одобрена на состанок на Комисијата за етички прашања во Агенцијата за лекови – МАЛМЕД.

Комбинацијата се покажа како ефективна во повеќе земји и истата ќе се применува кај пациентите и во болнички и во домашни услови по соодветна индикација од лекарот.

За користење на оваа комбинација прво ќе биде потребна проценка на клиничката состојба, па ќе се дава кај одредена група, а не кај сите пациенти.

ЗА КАКВИ ЛЕКОВИ СЕ РАБОТИ

Македонската јавност деновиве слушна за азитромицинот, антибиотик, познат повеќе како Сумамед.

Студии од Франција неодамна покажаа дека тој антибиотик во комбинација со лекоот против маларија (хидроклор) успешно делува кај пациентите заболени со коронавирусот.

Тој пред неколку дена во Македонија беше повлечен од слободна продажба, откако граѓаните почнаа масовно да го купуваат, а лекарите посочија дека е опасно да се користи на своја рака.

Периодов македонските власти набавија доволна количина од хидроклор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе оди ли и Општина Куманово во карантин?

Потврдите за ослободување од работа поради грижа за дете ќе важат до завршување на вонредната состојба

Суспендиран полицаец кој порача „седете дома клошари“, пријава за прилепчанец кој лажно се престави како полицаец

Тројца вработени од МВР позитивни на коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 138 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и Штип

Редакција

Средба Заев-Столтенберг: НАТО ќе испрати дополнителна помош за справување со Ковид-19

Редакција

Цар Самоул владеел со Бугарско царство во Македонија: Што пишува во препораките на историската Комисија со Бугарија

Редакција