Маж од Тетово на 69 годишна возраст е хоспитализиран откако кај него е утврден позитивен тест на коронавирусот, изјави денес д-р Шабан Мемети, директор на Институт за јавно здравје при посетата на Тетовскиот центар за јавно здравје.
Со тоа Тетово го има и првиот заболен со Ковид 19.
-Сношти е утврдено дека маж на 69 години бил позитивен на тестот за коронаврусот. Тој е хоспитализиран, не ми е позната состојбата, бидејќи дојдовме од Скопје во Тетово. Тој бил и претходно на болничко лекување на клиниката во Скопје и тука во Тетово. Сите блиски конакти и здравствени работници ќе бидат анкетирани од епидемиолозите од тетовскиот Центар за јавно здравје, рече Мемети.
Во Тетово досега се направени над 30 тестови.
-Тестовите се прават во на Институт за јавно здравје Скопје во лабораторија за вирусологија и дијагностика. Во моментов тука имаме пет пункта за рурални места, се земаат епидемиолошки анкети, вклучени се и матични лекари, рече Мемети.
Тој заедно со претседателот на комисија за заразни болести, д-р Жарко Караџовски се сретнаа со директорите на Центарот за јавно здравје, Клиничка болница и Здравствен дом.
-Задоволни сме од пристапот на тетовските установи. Апелираме граѓаните да ги почитуваат правилата и препораките на Светската здравствена организација (СЗО) и да се прават тестови на сомнителни случаи по индикација, рече Мемети.
МИА/Фото: Општина Тетово
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 201 заболени пациенти од корона вирусот: Регистрирани 24 нови случаи, од кои 15 во Скопје
Седумдесет и девет годишна жена од Пепелиште шие заштитни маски и ги подарува
(Видео) Браво: Компанијата “Ипринт“ од Прилеп почна со изработка на заштитен штит за лице