еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

НЛБ Банка се одзва на повикот на Народна банка: Нема да се дели дивиденда

Врз основа на неочекуваната ситуација со пандемијата КОВИД-19 и врз основа на писмото од Народната Банка во кое се очекува банките да се воздржат од исплата на дивиденда од реализирана добивка за 2019, со цел да го надградат капиталот и ликвидните резерви над минимално потребниот праг, предлагаме распределба на реализираната добивка за 2019 во нераспределена добивка во износ од 1.672.270.392 денари и задржана заработувачка за инвестиции во износ од 177.647.606 денари, се вели во предлог одлуката за претстојното Собрание на акционери на НЛБ Банка објавена преку Македонската берза.

„На овој начин остварената добивка за 2019 ќе биде на тековно располагање на банката за ликвидносни цели, како и на располагање на Собранието на акционери за понатамошно одлучување во однос на начинот на постапување со нераспределената добивка понатака, кога банката ќе има повеќе информации за да направи квалитетна проценка на развојот на економската и финансиската ситуација и нејзиното влијание врз капиталот на банката и позицијата на ликвидност“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЛБ Банка со целосно бесплатно мобилно и електронско банкарство до 15-ти април

Народна банка: Депозитите се сигурни и најбезбедни во банките

Народна банка: Банките да не делат дивиденда, добивката за зголемување на капиталот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Фејсбук, група за „правда“ за Палевски, се договара и протест

Редакција

Бугарската „Соларпро холдинг“ го доби тендерот на Народна банка за набавка на струја вреден 272.000 евра

Редакција

Вкупно 11.422 лица се заразиле со Ковид-19 по вторпат, 19 од нив починале

Редакција