еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Виталиа“ донира здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал на Инфективна клиника

Предизвиците со кои сите земји моментно се соочуваат, вклучително и нашата, поради глобалната пандемија со корона вирусот, укажуваат дека ова е битка што може да се добие само доколку секојдневно се практикува заедништво и се обезбедува поддршка на секому што е потребна.

Во таа насока, медицинските работници сега и во периодот што следува ќе бидат на најистурените позиции во борбата со Ковид-19 и затоа е потребно секој од нас да биде солидарен со нив и да им помогне во секоја можна прилика.

За таа цел, „Виталиа“ донира пакети здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал во Клиниката за инфективни болести во Скопје.

– Секој што припаѓа на медицинскиот кадар во земјава, без разлика дали тоа се доктори, сестри или останати вработени во здравствените установи, се на првата линија на одбраната од корона вирусот. Со нивните непрекинати напори, безрезервен труд и максимално вложување, тие ни даваат пример дека само со меѓусебна поддршка можеме да ја пребродиме оваа кризна состојба.

Наша должност е да се грижиме за медицинските работници, онака како што најдобро умееме – со сет од здрави продукти кои ќе им помогнат во одржување на добра психофизичка кондиција како и заштитна опрема која е неопходна во оваа заедничка борба со корона вирусот, велат од „Виталиа“.

Пандемијата со корона вирусот има глобални размери, но нејзините економски ефекти се чувствуваат и на локално ниво, кај секоја компанија и сите граѓани.

– Овие денови и недели сите споделуваме иста судбина и со заеднички сили водиме битка со невидлив непријател. Ситуацијата во која што се наоѓаме е за сите нас непозната, дури нѐ принудува да држиме растојание и од најблиските, само за да го зачуваме здравјето.

Додека сето ова се случува, во период кога границите се затворени, а луѓето не можат да комуницираат како во нормални услови, ние се соочуваме со уникатен предизвик – да продолжиме да го правиме тоа за што сме најподготвени, да обезбедуваме здрава храна за корисниците, да помогнеме секаде каде што можеме, но и да ги заштитиме нашите вработени, истакнуваат од „Виталиа“.

Во таа насока, „Виталиа“ се придржува до препораките од Министерството за здравство и од Владата, и ги поздравува сите напори што се вложуваат со цел пандемијата со корона вирусот во нашата земја да има позитивен исход.

Со своите активности, како бесплатната достава на здрава храна за лицата над 60 години, компанијата овозможува граѓаните да го минимизираат движењето, особено најранливите категории, да останат во своите домови и на тој начин да помогнат во зачувувањето на најважното – сопственото здравје, како и здравјето на своите сограѓани.

Компанијата истакнува дека проактивноста, како и овозможувањето поткрепа на најангажираните сегменти во борбата со корона вирусот, во овие моменти е од клучно значење. Не само во форма со која што се поддржуваат институциите, туку и преку помагање на нивниот човечки капацитет, бидејќи токму тие луѓе се најдиректно соочени со актуелната пандемија.

„Виталиа“, како и досега, ќе продолжи со својот интензивен општествен ангажман, бидејќи одговорноста кон заедницата во која што работи, е еден од најзначајните принципи и мотиви на компанијата.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бездомните кучиња во Скопје добија десет куќички

Редакција

(Галерија) Шопинг-лудилото „garage sale“ го преполни „Рамстор мол“

Редакција

Од март во Скопје: Обуки за вински ентузијасти на светски реномираната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци

Редакција