еМагазин
Македонија

Сместувачките капацитети на Попова Шапка карантин за лицата дојдени од странство

Дел од сместувачките капацитети на Попова Шапка се предвидени како места за карантин и изолација на луѓето кои доаѓаат од странство. Според мерките за заштита и спречување на ширење на коронавирусот, тие во хотелите треба да поминат 14 дена во изолација.

-Нашиот хотел Арена Тетекс пријави капацитет од 65 легла, а од вчера се сместени 56 лица. Ние вработените престојуваме во изолиран дел поврзан со кујната. Храната до пред собите им ја носат полицајци.

Луѓето се сместени по двајца во соба. Вчера беа и тројца доктори кои извршија прегледи на сите 56 лица. Од разговор со нив дознав дека сите се во добра здравствена состојба, изјави Жарко Неделковски, сопственик на хотелот.

Инаку и двата хотели во државна сопственост, поточно на ЕЛЕМ ТУРС подружница Попова Шапка Тетово се ставени на списокот на сместувачки капацитети каде по потреба ќе престојуваат лица кои треба да бидат во изолација.

-Засега нема донесено луѓе, но ние сме подготвени, бидејќи бевме известени за потребата хотелите да бидат сместувачки капацитети за карантин на македонски државјани кои пристигнуваат од други држави, изјави Живе Алексовски, директор на подружица Попова Шапка.

Хотелите „Попова Шапка” и „Славија” имаат вкупен капацитет од 250 легла.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонка во САД: Живееме во социјална и економска криза како никогаш досега

Четири деца во Македонија се заболени со коронавирусот

14 заболеле во болница: Бројот на здравствени работници со коронавирусот порасна на 21

Секојдневно се менува: Како изгледа мапата на заболени со коронавирусот во Македонија по градови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новата влада да го користи самото името Северна Македонија, предупредува Мицотакис

Редакција

ВМРО-Народна партија: Македонските граѓани кои имаат бугарски пасоши се чувствуваат загрозени поради ветото на Бугарија

Редакција

Оваа се сите кандидати: Новата влада наместо 26 ќе има 19 министри

Редакција