еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 285 заболени од корона вирусот: Регистрирани 26 нови случаи, дел работеле во Скопје а живееле во друг град

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирусот во земјата, информираат од Министерство за здравство.

„Целосен преглед за состојбата по градови ќе испратиме дополнително, бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица,“ се вели во соопштението.

Имајќи го предвид зголемениот обем на работа и информации и се поголемиот број на тестирања во повеќе лаборатории кои ги доставуваат своите извештаи до Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека од утре 31 март, Институтот за јавно здравје ќе ја доставува статистиката на денот за бројот на новозаболени до 15:00 часот за што Министерството за здравство веднаш ќе испрати информација до медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седма жртва од корона вирусот: Почина 79-годишен пациент од Дебар

Убава вест: Испишани девет пациенти од Клиниката за инфективни болести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милошоски за случајот „Моќник„: Дел од Обвинителството е под силно влијание на Владата

Редакција

(Вознемирувачко видео) Нова масовна гробница во село во околината на Киев

Редакција

Орхан Адеми избран за заменик на главниот државен ревизор

Редакција