еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки за корона вирусот

Се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете се до истекот на траење на времените мерки поради корона вирусот.

„Со уредба со законска сила на Законот за работни односи што ја донесе Владата, отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот“, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Оттаму нагласуваат дека продолжувањето на породилното отсуство ќе се регулира преку Фондот за здравствено осигурување.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека заштитата на мајчинството е примарно, а грижата за здравјето и безбедноста на мајките и децата нема алтернатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: 17 починати од коронавирусот во Македонија, еден од починатите е од Косово

Коронавирусот само во Прилеп затвори две компании

Мапа: Во половина македонски градови има заболени од корона вирусот

Детален преглед: Најголем број од новозаболените од корона вирусот во Струга и Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум години затвор за татко кој ја продаде ќерка си за 6.000 евра

Редакција

Во тетовската болница прв пат извршена операција која се прави само низ еден отвор во градите со камера

Редакција

Почина актерката Катина Иванова

Редакција