Продолжува да расте бројот на заболени здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот.
“Регистрирани се 57 случаи на заболување меѓу здравствени работници“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје, заклучно со 3. април.
Познато, официјално, е дека позитивни на коронавирусот се здравствени работници од болници во Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.
Заболени здравствени работници има од Клиниката за кожни болести во Скопје, Клиниката за кардиологија во Скопје, Клиниката за инфективни болести во Скопје, Итната медицинска помош во Скопје, Здравствен дом Скопје, Завод за рехабилитација Скопје, болницата во Куманово, приватната болница „Плодност“ во Битола, Педијатриската амбуланта во Дебар, болницата во Кавадарци, болницата за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок, Поликлиниката Чаир, Скопје, болницата во Прилеп, болницата во Гостивар…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Табела) Нов рекорд на заболени со коронавирусот во Македонија на дневно ниво
Драги политичари, најмалку е важно кој побарал помош од Словенија