еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Во време на отпуштања: Има компании што вработуваат сред „корона-кризата“

Кризата што ја предизвика корона вирусот придонесе кон бран отпуштања во Македонија за што најдобар показател е состојбата во угостителството, чии претставници веќе соопштија дека илјадници работници се веќе одјавени поради неможноста да се обезбедат плати поради затворени угостителски објекти.

Корона вирусот го прекина и производството во повеќе фабрики, чии работници сега се на принуден одмор додека не заврши вонредната состојба и заканата од вирусот.

Сепак, и покрај незавидната состојба во која се најде нашата земја има компании кои објавуваат огласи за вработување или најавуваат отварање места за повеќе работници.

Шефшет Демировски, сопственик на „АТС Грoуп“ неодамна соопшти дека во тек е конкурс за вработување на 50 лица  во новата современа фабрика за производство на композитни производи наменети за опрема на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и безбедност.

Генералниот директор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов најави 40 нови вработувања во компанијата од април поради зголемениот обем на работа.

Анализата на огласите за вработување покажува дека на пазарот и во услови на корона вирусот има побарувачка за кадар пред се од компаниите од ИКТ-индустријата, но и од трговијата, услужниот сектор, текстилната индустрија и градежништвото.

Така, на пример „Тинекс“ има потреба од возачи во повеќе градови во државата, КАМ маркети има потреба од вработување различни профили работници, „Телеперформанс“ вработува на различни позиции лица со познавање на германски јазик, „Текспорт“ вработува шивачи…

Цела листа огласи за вработување ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се најавуваат илјадници отпуштања: Угостителите нема да ги користат мерките на Владата

Скопски угостител нема да ги отпушти вработените и по цена да пропадне

Детален преглед: Кој и како може да аплицира за државна помош од 14.500 денари по вработен?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Мустафа Хајрулахи, кој заработи кривична за малтретирање на вработени и е суспендиран од функцијата

Редакција

Убава вест: 90 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Видео) Снимка која го обиколи светот: Украинец клекна пред руски тенк

Редакција