Во Македонија вчера се регистрирани вкупно 49 нови случаи на заболени од коронавирусот од 7 градови.
Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово и Скопје.
“Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 50-59 (12) и над 60 години (11), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 28 женски и 21 машки лица.
Хоспитализирани се 12 лица, а останатите се на домашно лекување. Нема испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2.
Кај 13 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).
Вкупно 30 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирано е едно лице кое имало историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
Тестирани се вкупно 586 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 49 или 8,4% од тестираните„, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најголем дел од починатите од коронавирусот во Македонија се на возраст над 60 години
Аларамантно: 106 здравствени работници во Македонија заболени од коронавирусот
(Мапа) Кумулативната инциденца во Куманово над 127, расте и во Штип и Кочани
Детален преглед: Најмногу починати во Куманово, а најмногу заболени од коронавирусот во Скопје
Фото: Град Скопје/табела: ИЈЗ