еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

121 здравствени работници заразени со коронавирусот во Македонија

Продолжува да расте бројот на здравствени работници во Македонија кои се позитивни на коронавирусот.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, регистрирани се 121 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно 12. април.

До 11. април бројот беше 117, до 10. април, 106, до 9. април, 95, до 8. април 82, до 7. април 72, до 6. април 69, до 5. април, 63, а до 3. април 57.

Познато е дека позитивни на коронавирусот се/беа здравствени работници од болници во Велес, Штип, Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.

Заболени здравствени работници има/имаше од Клиниката за кожни болести во Скопје, Клиниката за кардиологија во Скопје, Клиниката за инфективни болести во Скопје, Итната медицинска помош во Скопје, Здравствен дом Скопје, Завод за рехабилитација Скопје, болницата во Куманово, приватната болница „Плодност“ во Битола, Педијатриската амбуланта во Дебар, болницата во Кавадарци, болницата за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок, Поликлиниката Чаир, Скопје, болницата во Прилеп, болницата во Гостивар…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај 76,4% од починатите од Ковид-19 во Македонија регистрирана хронична и здравствени состојби

30,6% од заразените со Ковид-19 во Македонија без симптоми

(Табела) 38 починати од Ковид-19 во Македонија, најмногу во

На возраст над 50 години, 7 хоспитализирани: Детали за новите случаи на заразени со Ковид-19 во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешната сопруга на секретарот на бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ го искршила стаклото на неговиот киоск

Редакција

Димовски до Османи: Замисли, Бујар, некој да те притиска да потпишеш дека Ѓерг Кастриот е Србин, а Хасан Приштина Турчин

Редакција

Твитер „полуде“ за новите фотки на Груевски: „Барок си купува, свцка“

Редакција