еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повеќето машки, 22 лица се со хронична и здравствена состојба, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Вчера во Македонија беа регистирани 66 нови случаи на заразени со коронавирусот.

“Тестирани се вкупно 500 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 66 или 13,2% од тестираните.

Потврдените случаи се од 11 градови, а најголем број од пријавените лица се со место на живеење во Куманово и Скопје. За прв пат е регистриран случај кај лица од Неготино.

Најголем дел од регистрираните случаи, 17, се на возраст од над 60 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 32 женски и 34 машки лица.

Хоспитализирани се 12 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 22 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 42 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирано е едно лице кое имало историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)„, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Во Македонија излекувани 98 лица заразени со коронавирусот

Куманово го надмина Дебар: На 100.000 жители регистрирани 183,6 заболени од коронавирусот

Детален преглед: Во 21 град во Македонија заразени со коронавирусот

Драстичен раст: 143 здравствени работници заразени со коронавирусот

Фото: Град Скопје/Табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски се јави за „Плацевите на Водно“: Ме обвинуваат со „рекла-казала“ приказни

Редакција

Поради кризната состојба: Во Дебар „заглавени“ стотина жители од други градови

Редакција

Али Ахмети не смее да етикетира медиуми, регираат од Здружението на новинарите на Македонија

Редакција