Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Македонија изнесува 974 лица.
По градови: Скопје 10, Куманово 27, Штип 3, Прилеп 4, Тетово 5, Струга 6, Велес 2, Охрид 3, Гостивар 1, Кочани 3, Неготино 2.
Досега по градови потврдени случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје 339, Куманово 262, Дебар 49, Штип 31, Прилеп 89, Тетово 43, Струга 49, Велес 36, Битола 9, Охрид 7, Кавадарци 3, Гостивар 10, Гевглелија 4, Струмица 2, Крива Паланка 4, Радовиш 4, Крушево 3, Кочани 25, Пробиштип 2, Кичево 1, Неготино 2.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од коронавирусот почина 76-годишна жена од Скопје
“Во изминатото деноноќие направени се 500 теста. Преку Институтот за јавно здравје –310 , преку Ветеринарен ф-тет – 24, Авицена –24, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118.
Досега во земјата се направени вкупно 9762 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација.
Во болницата „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хопситализирани 34. На респираторна машина се 6 пациенти, а 8 пациенти се со потешка клиничка слика.
Во битолската болница, до утрово се хоспитализрани 5 пациенти, сите се во подобрена состојба и земени се први контролни брисеви кај 3 од пациентите. Денеска пристигнува уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат 8 пациенти.
Во болницата во Штип се лекуваат вкупно 8 пациенти, сите се стабилни, а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.
Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аларм: Во Куманово кумулативната инциденца 165,4, во Дебар 176,5
Детален преглед: Најмногу починати од коронавирусот во Куманово, најмногу заразени во Скопје
Фото: Општина Куманово