еМагазин
Image default
Македонија

Три докторки од Пулмологија заразени со коронавирусот

Три докторки од Универзитетската клиника за пулмологија се позитивни на коронавирусот.

Две од нив досега немаат симптоми, додека едната има гастроинтестинални симптоми.

Со трите новопотврдени досега седум здравствени работници од Клиниката се позитивни на коронавирусот, потврди за МИА директорот на таа јавна здравствена установа, Дејан Докиќ.

Посочи дека докторките од 30 март се во домашна изолација и вчера им било направено тестирање кое покажало дека се позитивни.

– На 21 април (вторник) ќе им биде направено уште едно тестирање. Првозаразената наша вработена е медицинска сестра од Куманово, која со вирусот се заразила во местото каде живее.

Најверојатно дека докторките и другите медицински лица меѓусебно се инфицирале можеби додека јаделе заедно во кујната, рече д-р Докиќ.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од коронавирусот почина пациент од Струшко на возраст од 50 години

Вкупно 1.081: Рекордни 107 нови случаи на заразени со коронавирусот, дури 44 во Куманово

10 члена на општинскиот кризен штаб на Куманово позитивни на коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Вандализирана бистата на Вапцаров во Скопје пред отворањето на македонскиот клуб во Бугарија, кој го носи неговото име

Редакција

МНР формираше Кризен штаб и отвори телефонски број на кој засегнатите граѓани ќе може да се информираат за несреќата

Редакција

Детален преглед на активни пожари низ Македонија

Редакција